Македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески го продолжи договорот со романски Одорхеи.
Крилото имаше соработка со романците до крајот на оваа сезона, но реши да ја продолжи на уште една година. Македонскиот репрезентативец кој е поранешен член на Вардар и Металург во редовите на Одорхеи пристигна во 2015 година.
Стружанецот кој има 26 години сезоната ја заврши на третото место на тимската листа на стрелци со 103 постигнати гола. Одорхеи го заврши регуларниот дел на третата позиција на табелата, а во плејофот испадна уште во четвртфиналето каде загуби од Турда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.