| четврток, 6 декември 2018 |

Со Хановер испадна од Бундес лигата, а следната сезона ќе брани во ЛШ

cajler

Шампионот на Англија, Лестер, е на добар пат да ја освежи голманската позиција во тимот со чуварот на мрежата на Хановер, Рон-Роберт Цајлер. Овој голман беше една од ретките светли точки во тимот на Хановер, а откако не успеа да му помогне на овој тим да опстане во Бундес-лигата, Цајлер сега инсистира да му биде дозволено да си замине од клубот.

Лестер е во потрага по нов голман со кој би се засилила конкуренцијата за Каспер Шмајхел, а според Клаудио Раниери Цајлер одлично би се вклопил во неговите тактички замисли.Како што јавуваат англиските медиуми, договорот е пред реализација, па Германецот наскоро ќе треба да ги помине задолжителните медицински прегледи, и да потпише за „лисиците“.

Цајлер ги помина сите младински селекции на Германија, а за Хановер настапува од 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top