Германските власти стравуваат дека најмалку три лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинале во поплавите предизвикани од поројните дождови во јужна Германија, јави ДПА.
Градските власти во местото Швабиш Гмунд, во областа Источен Виртемберг, соопштија дека од синоќа како исчезнати се водат еден маж кој се давели и пожарникар кој се обидувал да го спаси. Се стравува дека двајцата ги загубиле животите.
Полицијата соопшти дека се претпставува оти уште едно лице загинало во подземен паркинг во местот Вајзбах. Министерството за внатрешни работи на покраината БаденВиртемберг соопшти дека не може да го потврди билансот на жртвите. Портпарол на Министерството во Штутгард рече и дека се можни повеќе жртви меѓу пожарникарите вклучени во спасувачки мисии низ целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.