Една од најпопуларните пејачки кои ги создаде натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ Рада Манојловиќ, буквално процвета откако не им дава арач на бившите работодавачи, Лепа Брена и Саша Поповиќ.
Имено долгоногата пејачка не го обнови договорот со најсилната продукција во Србија и сега сама себеси си е газдарица. Со други зборови се што заработува си става во џеб.
Рада со Гранд имала деветтогодишен договор по кој повеќе од половина хонорар од секој настап морала да го дава на продукцијата. Со договорот и било строго забрането да закажува настапи, бидејќи тоа било работа на продукцијата.
-Земаме само 30 отсто од хонорарот – рекол Саша Поповиќ во една емисија, но неофицијалните информации се дека тој процент било двојно поголем.
Во секој случај од ноември 2015 година се е сменето. Рада стана слободна, а слободата и донесе и пари.
-Откако го раскинав договорт со Гранд, има многу повеќе пари! Баш сум среќна заради тоа. Веќе ништо не давам на Саша и сега ми е многу подобро- рекла Рада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.