| четврток, 6 декември 2018 |

Се наголтала лекови: Рада Манојловиќ е во тешка состојба

Пејачката Рада Манојловиќ тешко го поднела раскинувањето со Харис Берковиќ, но и обидот за помирување кој уследил минатата недела и завршил неславно.

Рада, според пишувањата на Свет, минатата недела после караницата со Харис почувствувала дека срцето забрзано и чука, па од страв нешто да не и се случи испила два лека за смирување.

Како и после 15 минути не и било подобро, таа повторно испила лекови, а потоа заспала.

Пејачката паднала во длабок сон и не го чула звончето на вратата, а сестра и Маја, која има клучеви од нејзиниот стан, влегла и ја затекнала во таква состојба.

Маја веднаш повикала лекари кои и го испрале желудникот на Рада и и дале инфузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top