| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши една ера: Нема веќе носење патлиџани и пиперки на одмор во Грција!

Дојде крајот на туризмот со домати и пиперки. Почетокот на новата туристичка сезона во Грција го одбележа масовното одзимање на храна на граница, пишуваат медиумите во Србија.

Јајца, смрзнато месо, полнети пиперки… се на списокот на работи кои грчките царинарници им ги одземаат на туристите.

– Во почетокот на мај тргнавме на одмор во Грција. На границата, царинарниците ни го одзедоа рачниот фрижидер во кој имаше полнети пиперки и месо – изјавил еден српски турист за „Блиц“.

Според некои туристи, била одземена храна која не била вакумирана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top