Познат е и последниот патник во најелитното фудбалско натпреварување во Англија. Тоа е екипата на Хал Сити, која во финалето од плејофот на Чемпионшип лигата на „Вембли“ го совлада Шефилд Венздеј благодарение на евроголот на Сенегалецот Диаме.
Хал беше подобар и поконкретен противник и сосема заслужено се враќа во елитното друштво.
Шкотскиот репрезентативец Робертсон ја пропушти најдобрата шанса за „тигрите“ во првото полувреме, Шефилд Венздеј во тој момент имаше многу среќа.
Моментот на одлука падна во 71. минута кога сенегалскиот репрезентативец Мохамед Диаме упати неодбранлив удар кон голот на Вествуд и му донесе победа на Хал и враќање во друштво на најдобрите.
Во финишот имаше голема драма пред голот на Хал, фудбалерите на Шефилд бараа пенал во дополнителните минути, но судијата не се огласи.
Менаџерот Стив Брус по втор пат во својата тренерска кариера успева да обезбеди промоција во Премиер лигата, прво со Бирминген, а сега и со Хал.
Хал Сити во регуларниот дел од Чемпионшип лигата заврши на четвртата позиција на табелата. Во полуфиналето од плејофот го совладаа Дерби Каунти во двомеч, а Шефилд Венздеј го елиминираше Брајтон.
Покрај Хал Сити, директен пласман во Премиер лигата обезбедија клубовите Барнли и Мидлсборо.
Од Премиер во Чемпионшип лигата, пак, се преселија Њукасл, Норич и Астон Вила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)