| четврток, 6 декември 2018 |

Италија: психички болен пукал пред канцеларијата на премиерот и ранил двајца полицајци (видео)

Луиџи Преити (49) е напаѓачот кој во палденвните часови отворил оган и ранил двајца полицајци пред зградата на италијанската Влада во Рим во моментот кога во зградата се подгтовуваше свечениот чин на полагање на заклетва на новата влада на чело со премиерот на Италија Енрико Лето.

italija

Откако пукал неколку пати , тој се обидел да побегне, но го фатиле полицајците. Според сознанијата, тој бил неурамнотежена личност. Нема поциско досие и се претпоставува дека делувал сам. Забележано е дека во пукањето е повредена и една трудница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top