Актерката Амбер Херд (30) би можела да добие околу 13 милиони долари по разводот со Џони Деп (52). Таа поднела документи за развод по само година и пол брак, наводно затоа што актерот имал проблеми со алкохолот, а тоа неа неизмерно ја нервирало. Деп неколку пати се појавил пијан во јавност, а таа се чувствувал посрамотено.
Според странските медиуми, пак, Херд барала и судска забрана за приближување, а како причина го навела насилството во семејството. Според „Дејли мејл“ актерката со телесни повреди дошла на суд во Лос Анџелес во придружба на адвокатката Саманта Спектор и поднела барање за развод.
Она што е сигурно, е дека барањето за развод таа го поднесе три дена по смртта на мајката на Џони. Свекрвата, наводно, воопшто не ја сакала новата избраничка на нејзиниот син, а на пријателите често им велела дека Амбер се однесува одвратно кон Џони и дека го третира како „обично лајно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.