| четврток, 6 декември 2018 |

Рибина чорба со Гинисовиот рекорд

Нов Гинисов рекорд со приготвени 3,3 тона рибна чорба во Охрид за денот на рибарите.

– Гинисовиот рекорд е соборен, досегашниот рекорд изнесуваше 3.025 литри рибна чорба, а ние веќе имаме 3.300 литри. Чорбата е готова, се е регистрирано со видео-запис и сето ќе заверено на нотар. Спроведени се инструкциите од Гинис, така што очекуваме ништо друго освен потврда на соборениот рекорд, рече Љубен Арнаудов, претседател на Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“ што е организатор на световниот дел од празнувањето на Богојавление – Водици во Охрид.
riblja corba 1

Подготовките за чорбата и нејзиното приготвување ја спроведоа професори и ученици од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Инаку, празникот Собор на Свети Јован Крстител и оваа година во Охрид беше прославен со атракцијата на традиционалното капење на рибарите во водите на Охридското Езеро, како продолжение на веќе воспоставената традиција на тој начин да се одбележува завршувањето на забраната за риболов после зимскиот мрест на рибата.

riblja corba 2

Доследен на ветувањата  остана и поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, кој при неговото заминување оттука најави дека секогаш кога ќе биде во можност за Водици ќе биде тука во Охрид, и меѓу оние што ќе се капат на Денот на рибарите.

– Ова е една прекрасна традиција. Токму традициите спроведени од народот, од локалната заедница се работите што ја издвојуваат Македонија. Навистина треба да им се оддаде признание на организаторите за сите активности што од година во година ги преземаат за унапредување на оваа величенствена манифестација, рече тој.

riblja corba 5 riblja corba 4 riblja corba 3 riblja corba 8

ФОТО: ЃОРЃИ ЛИЧОВСКИ (РЕПУБЛИКА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top