Американските здравствени работници известија во четвртокот за првиот случај на супербактерија која е отпорна на сите антибиотици, дури и на колистин, кој е лек кој се дава као последна надеж против низа бактериски инфекции кај луѓето и кај животните.
– Во ризик сме од пост-антибиотски свет – изјави Томас Фриден, директор на Центарот за контрола и превнеција од болести, повикувајќи се на случајот на 49. годишната пациентка од Пенсилванија која ни по пет месеци не успеа да се излечи од инфекција на мочниот систем.
Мутацијата на ДНК која бактеријата ја направила отпорна на антибиотици се вика МЦР-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.