| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен испраќачот на отровни писма до Обама

everet

Американските власти го обвинија 41-годишниот Еверет Дутске од Мисисипи за поседување на рицин во врска со истрагата за отровните писма испратени до претседателот Барак Обама и други државници.

Писмата кои содржеле рицин беа испратени на 18 април до Обама, сенаторот Роџер Викер и судијата Сејди Холанд од Мисисипи, пренесува Радио Слободна Европа.

Дутске треба утре да се појави пред судот во Оксфорд. Тој, доколку биде осуден, се соочува со доживотна казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top