Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп го тужи легендата Ерик Кантона поради обвиненија за расизам.
Во изјава за француските медиуми легендарниот фудбалер изјави дека Дешамп не ги повикува Бензема и Бен Арфа на Европското првенство (ЕП) затоа што не се чистокврвни Французи. Информацијата дека двајцата ќе одат на суд ја соопшти адвокатот на Дешамп, Карлос Бруса.
– Ќе отпочнеме постапка пред судот поради коментари кои го нарушуваат угледот на господинот Дешамп – вели Бруса.
Европското првенство во Франција се игра од 10 јуни до 10 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.