| четврток, 6 декември 2018 |

Прв јавен настап на детскиот хор „Фалсето“ утре во Македонската опера и балет

Детскиот хор „Фалсето“, кој пред само неколку месеци е формиран во Македонската опера и балет, ќе има прв јавен настап на Мајските оперски вечери.

Концертот ќе се одржи во сабота, на 28 мај, со почеток во 12 часот, во фоајето на МОБ.

Диригент на хорот е Теа Богатинова, а на програмата ќе се изведат следните дела:Viva la musica – Michael Praetorius, Цвеќе – Запро Запров, Кокиче – Запро Запров, Ен Тен Тини – Перо Готовац (обработка: Теа Богатинова), На час по пеење – Луиџи Керубини, Дувна ветре – Петар Сидовски, Растурена игра – Гоце Коларовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top