| четврток, 6 декември 2018 |

МОБ на Европски оперски денови

За прв пат низ Европа во времетрање од една недела ќе се прослават Европските оперски денови, над 70 оперски институции од 18 земји, меѓу кои и Македонија, и оваа година ќе ги отворат своите врати од 05 до 14 мај за својата разновидна публика, нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта.
VIVA OPERA, VIVA DIVERSITY…
ЕОД 2017 се посветени кон прославување на операта како и нејзината разновидност. Опера Панорама е покана и можност да се откријат и истражат единственоста и засебноста на оперските институции, секоја уникатна сама по себе, и како тие тоа го отсликуваат на „големата сцена”.
ЕОД 2017 е ексклузивна можност да се погледне „зад сцената“ на оперските куќи од Глазгов до Скопје, од Москва до Севилја.
„Европски оперски денови“ е иницијатива на Opera Europa, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперско-балетска едукација. Соработката помеѓу МОБ и Opera Europa, започна во 2008 год. Секоја година Opera Europa, дава програмска рамка, која како тема се реализира од страна на оперските куќи ширум Европа, со цел прославување на Европскиот ден на Операта.
Од „Young Ears” до Opera – Playground,издвоена како пример за добра пракса, се до Opera Panorama, каде рамо до рамо ја презентира својата приказна со врвни оперски куќи. (Секоја година не комуницираат преку нашето уставно име!
Со премиерата „Пролетна приказна“ МОБ ќе ги прослави Европските оперски денови 2017
Премиерата на оперетата „Пролетна приказна“ е дел од манифестацијата European Opera Days – Opera Panorama која ќе се одржи од 5 до 14 мај во 18 европски земји, со учество на 70 оперски институции, меѓу кои и Македонската опера и балет.
И оваа година Македонија преку активностите на Македонската опера и балет се дел од европската иницијатива – Европски оперски денови. На 20 мај од 12.00 часот, премиерено на Малата сцена на МОБ пред публиката ќе се изведе претставата, детската оперета – „Пролетна
Македонска опера и балет 03.05.2017
приказна“ од Стојан Стојков во режија на Трајко Јордановски и Теа Богатиновска, диригент на детскиот хор „Фалсето“.
Публиката ќе има можност оваа престава да ја погледне на 20 и 21 мај од 12.00 часот на Малата сцена на МОБ. Сите заинтересирани за повеќе информации како и за резервација на билети, можат да ја следат официјалната интернет страна на МОБ (www.mob.mk).

Претстава презентирана од децата за децата.
Децата – учесници во претставата се деца кои членуваат во детското хорче „Фалсето“ во период од една година. Целта на оваа претстава е децата – учесници да ги споделат со своите врсници, своите ентузијазм, страст и љубов кои ги имаат за и кон сценските уметности, операта и музиката.
Оваа претстава е резултат на посветеноста на секое дете – учесник во претставата, резултат од неговото слободно време искористено во ангажирана креативна активност.
Детската оперета „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков го отсликува будењето на пролетта и природата во неа. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи прилагодени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога.
Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма. Инспирирана од детската поезија на неколку македонски поети, во драматуршка адаптација на самиот автор, во „Пролетна приказна“ значајна улога игра и орфовиот инструментариум.

МОБ, како програмска задача има за цел да им овозможи културна едукација на децата од предшколска и школска возраст. Главна цел е да се насочи најмладата популација да ги следи детските претстави од репертоарот на операта и балетот преку организирани групни посети. Оваа претстава освен што ќе придонесе за понатамошниот развој на културата и уметноста преку будење на интерес кај најмладата популација за бавење со уметничка дејност несомнено ќе придонесе и за иднината на МОБ, бидејќи ваквите проекти на подолг временски период ќе обезбедат културно образувана генерација со сите неопходни предзнаења и веќе изграден интерес за сценско-музичката култура односно балетот и операта

ПРОЛЕТНА ПРИКАЗНА
детска оперета
Стојан Стојков
20.05.2017, Мала сцена на МОБ, 12.00ч
Според текстовите на: В. Николески, С. Тарапуза, З. Стојановиќ, В. Куновски, Б. Пановски
(драматуршка адаптација: С. Стојков)
Режисер: Трајко Јордановски
Хор-диригент: Теа Богатинова
Костимограф: Никола Ефтимов Испициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Улоги: ВРАПЧИЊА – Јана Диралова и Софија Стојковска, СЛАВЕЈ – Теодора Блажевска/Луна Бејков
ЧУЧУЛИГА – Оља Алексовска/ Теона Јаневска, ЗАЈКО – Маријана Андоновска/ Јована Филиповска/ Јана Јовиќ / Лара Иванова
Учествува: Детски хор ФАЛСЕТО, Доминика Робе (пијано придружба), Тео Теодосиевски (перкусии)
За Фалсето
Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура. Главна активност на малите хористи е учеството во оперските претстави на големата сцена каде тие добиваат можност да настапат рамо до рамо со реномирани уметници. На овој начин хорот придонесува за зголемување на интересот и нивото на музичката култура кај децата и подготовка за нивниот понатамошен професионален музички развој. Со хорот раководи Теа Богатинова, дипломиран музичар, композитор, диригент и долгогодишен хорист и вљубеник во хорската музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top