Голден стејт намали на 2-3 со победата во западната конференција во НБА Лигата, откако ја совлада Оклахома со 120-111 во петтиот меч од серијата во финалето.
Актуелниот шампион избегна елиминација, но сега ќе мора да го стори истото и да триумфира за два дена во Оклахома, доколку планира да ја брани титулата во големото финале.
Домаќините ги предводеа Стеф Кари и Клеј Томпсон, кои заедно постигнаа 58 поени, а овој пат не изостана ниту поддршката од другите соиграчите.
– Ова беше меч на нашите животи. Не им дадовме простор за многу маневри. Ќе биде забавно до крајот на серијата – истакна Стеф Кари по завршувањето на мечот.
Клеј Томпсон и Стеф Кари со по 27 односно 31 поен ги предводеа „Вориорси“ во новиот триумф. Тандемот Дурант – Вестбрук од Оклахома повторно одигра на ниво со 40 односно 31 поен, кои сепак не беа доволни за финале.
Во првата петорка кај гостите двоцифрен беше само Серж Ибака со 13 поени и осум скока, а Ентони Мороу од клупата допринесе со 10 поени.
Шестиот дуел се игра во ноќта од сабота кон недела, но на паркетот на Оклахома, а евентуалниот седми меч би се играл ден подоцна во Оукленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)