Магичните потези на бекот Нејт Робинсон му донесоа блескав триумф на Чикаго, по три продолженија против Бруклин, за предност од 3-1 во победи во првата рунда од плејофот во НБА.
Чикаго губеше со 95-109, во последната четвртина и кога сите помислија дека Бруклин ќе израмни на 2-2, на сцена стапи Робинсон. Во серијата од 14-0 на Булс, тој даде 12 поени, а домаќините се изборија за продолжение од 5 минути. Повторно немаше победник, па крајот дојде дури по дополнителни 15 минути. Чикаго победи со 142-134, а Робинсон заслужено се најде на врвот на најновото издание на Топ-5 моменти, од синоќешната програма.
Оклахома сити и без помошта на повредениот Расел Вестбрук, стигна до триумф во драматичен финиш против Хјустон, со 104-101. Хјустон се врати од негатива од 26 поени и имаше водство во последниот период, но тогаш работите во свои раце ги презеде Кевин Дјурент. Даде дури 41 поен и заслужи две места на Топ-5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


