| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Ме местеа за претседател на ФФМ

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, во емисијата „Куќа на фудбалот“ зборува за  состојбата во македонската репрезентација и случувањата во изминатиот период

Според него, најголемите проблеми во националниот тим се поранешните селектори и фудбалери кои шират негативна енергија, а не се посветуваат на напредок на македонскиот фудбал.

Поранешни селектори и фудбалери се најголемите виновници што на нашите натпревари нема ниту две илјади гледачи. Најголем проблем кај нас се некои поранешни селектори и поранешни фудбалери. Оваа негативна енергија што ја направија околу репрезентацијата е од Џиџи, Јонуз, и многу други кои почнаа да се занимаваат со менаџерски работи. Доста е од Јонуз, Џиџи, Драган Томовски, Ангел Бунгуров…. Треба да дојдат нови лица, како Игор Митревски, Николче Новески, Баевски, бидејќи фудбалот не е ист со оној од пред 10-20 години. Фудбалот оди напред, истакна Пандев.

pandev

Македонскиот капитен го посочи поранешниот селектор Мирсад Јонуз дека барал од него да не се враќа во црвено-жолтиот дрес.

Јонуз беше кај мене во Џенова и негов став беше дека сега не е време да се вратам во репрезентацијата и дека јас треба да бидам следен претседател на ФФМ. Тоа не е моја желба и јас нема никогаш да бидам претседател на Fедерацијата. Мене никој не може да ми каже да не играм за Македонија, потенцира Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top