| четврток, 6 декември 2018 |

Големината, сепак, е важна: Поголем мозок решава повеќе проблеми

Меѓу тестираните видови биле поларни мечки, арктички фоки, тигри, волци, хиени, снежни леопарди и многу други. Секое животно било во ситуација да извади храна од затворена ментална кутија во рок од 30 минути

Претпоставката дека поголем мозок значи и поголемо ниво на когнитивни способности, до сега беше базирана главно на ненаучно набљудување, бидејќи немаше доволно цврсти експериментални и истражувачки докази. На Унверзитетот во Вајоминг неодамна е спроведен обемен научен експеримент со кој се докажува оваа теоретска претпоставка.

Професор Сара Бенсон Амрам од Катедрата за зоологија и психологија на Универзитетот во Вајоминг е раководител на најновото истражување со кое се докажа дека месојадни цицачи со мозок релативно поголем во однос на телото имаат поголема способност за решавање на проблеми.

Во истражувачката екипа учествувале и професори и истражувачи од државниот Универзитет во Мичиген и Минесота. Тие патувале низ целата земја на девет различни зоолошки зони и проучија 140 животински единки, припадници на 39 видови во ситуации на решавање на презентирани задачи и барање по решенија.

Меѓу тестираните видови биле поларни мечки, арктички фоки, тигри, волци, хиени, снежни леопарди и многу други. Секое животно било во ситуација да извади храна од затворена ментална кутија во рок од 30 минути.

За да дојде до храната било потребно да се помести затворачот со лизгање на страна за да се отвори кутијата. Во кутијата има омилена храна на одреден вид, па така црвената панда дојде до бамбусот, а снежниот леопард до шницлите. Се покажа дека животните со поголем мозок биле поуспешни во решавање на овој проблем, отколку оние со помала големина на мозок.

– По ваквото истражување со јасни резултати, можно е да се дојде до одговорот и подобро да се разбере зошто во текот на еволуцијата се развил поголемиот мозок кај некои животни видови, напомена професорката Бенсон Амрам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top