Екипата на Оклахома направи уште едно големо изненадување победувајќи во четвртиот натпревар од финалата серија на западната конференција во НБА лигата против актуелниот шампион Голден стејт.
Слично како во третиот меч, и во ноќешниот четврти дуел Оклахома оствари убедлива победа, сега изразена со 24 поени разлика (118-94) и сега води со 3-1 и има три “меч-топки”. Во петтиот натпревар домаќин е Голден Стејт, но дури и да загуби, Оклахома ќе има можност да ја заврши серијата во шестиот дуел пред своите навивачи.
Откако претходно го совладаа Сан Антонио, кошаркарите на Оклахома продолжија со одлични настапи и во оваа финална серија од „западот“. Последниот натпревар го добија пред се благодарение на извонредниот напад во првото полувреме, кога за 24 минути постигнаа дури 72 поени (72-53).
Стеф Кари и „компанија“ не успеаја да се вратат, па сега се наоѓаат на работ на бездната, свесни дека мора да слават три меча во низа, во спротивно сезоната ќе биде оценета како неуспешна без оглед на историскиот скор во регуларниот дел.
Расел Вестбрук повторно беше незапирлив остварувајќи трипл дабл од 36 поени, 11 скока и 11 асистенции, додека Кевин Дурант го заврши мечот со 26 поени. Томпсон беше прв стрелец на Голден стејт со 26 поени, додека Стеф Кари постигна 19, но со очаен шут од поле (6/20).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)