| четврток, 6 декември 2018 |

Нови страшни вести за Анџелина – ја чека најтешката битка, а нема врска со анорексијата

goli

Анџелина Џоли која има само 36 килограми ја чека вистински пекол, а никој не може ни да претпостави како тоа ќе се одрази врз нејзиното здравје кое е веќе загрозено.

Она што почна како само уште едно озборување за Анџелина, станува најголема холивудска приказна во последните 10 години и нејзиниот развод од Бред Пит е скоро извесен. Тоа значи дека славната актерка чие здравје е сериозно загрозено, ја чека најтешката  борба во животот и долг исцрпувачки судски процес во кој треба да се утврди дали на неа или на Бред ќе им припадне старателството над нивните шест деца!

goli2

Гласините за развод се појавија пред неколку месеци и додека едни тврдат дека на Пит му досадило да ја преоколнува Анџелина да се лечи од анорексија, што таа тврдоглаво го одбива, други наведуваат дека виновник за разводот всушност е Бред, кој наводно ја измамил со актерката Мерион Котиљар.

goli3

Меѓутоа едно е сигурно – капката која кај Бред ја прели чашата, била одлуката на Џоли која прифатила од есен да биде вонреден професор на Економскиот факултет во Лондон. Според зборовите на неговите пријатели, на тој начин Анџелина го прекршила договорот по кој тие двајца не работат во исто време, како едниот од нив би бил со децата.

Исто така се шпекулира дека ова е само продолжение на тивката војна која во куќата на Џоли-Пит трае веќе со години, бидејќи Пит направил се што е во негова моќ да и помогне на сопругата во нејзината кариера, поради што жртвувал бројни богати понуди кои ги одбивал.Од друга страна и љубомората на Анџелина долева масло на огнот, бидејќи таа не сака Бред да снима филмови со атрактивни партнерки, опседната со идејата за негова измама.

goli4

А ако разводот стане неизбежен, ќе почне мачна битка околу старателството, бидејќи е познато дека на Бред и Анџелина децата им се многу важни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top