| четврток, 6 декември 2018 |

Револуционерни возила кои што ретко кој ги сака

Googlecar

Иако станува збор за револуционерен изум во светот на транспортот, никој не е заинтересиран за самоуправувачки автомобили. Автономните возила би можеле да сменат се- но според истражувањата на Универзитетот во Мичиген, поголемиот број на возачи немаат желба некогаш да поседуваат возило кое само се движи.

Поточно само 15,5 проценти возачи би прифатиле таков автомобил. Тој процент е мал ако се има предвид публицитетот на технологијата на самоуправувачките автомобили. Гугл и Тесла Моторс се реномирани компании кои со години промовираат развој на оваа технологија , додека скоро секој втор поголем производител на автомобили самостојно работи на тој проект и најавува напредок.

Најголемиот проблем кој што се истакнува е поврзан со безбедноста, што укажува на големата „пукнатина“ меѓу проектантите и научниците кои ги конструираат автомобилите и „обичните“ граѓани кои би требало да ги купат и користат.

Овие разлики не се непремостиви и не значи дека автомобилите се осудени на пропаст, туку дека постојат големи заблуди и дека е потребно дополнително едуцирање на потенцијалните купувачи.

Компјутерите се многу посигурни возачи од луѓето колку и да се возачите сигурни во себе додека се зад воланот. Имено компјутер многу потешко ќе згреши во проценката за оддалеченост од знаците на предупредување или да не ја прилагоди брзината на определена кривина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top