Пред неколку дена протече веста дека нападот на Манчестер Јунајтед ќе го засили извонредниот Златан Ибрахимовиќ, а медиумите во Холандија пишуваат дека тоа е скоро завршена работа. Денес протекоа нови информации за уште едно големо засилување во редовите на „црвените ѓаволи“.
Британскиот весник „Индепендент“ објави дека партнер на Швеѓанецот во нападот во тимот од „Олд Трафорд“ следната сезона најверојатно ќе му биде напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
Според медиумот, Мурињо е подготвен Руни да го повлече назад во средниот ред, а како најголема желба за нападот португалскиот тренер изразил за францускиот репрезентативец.
И претходно Бензема беше споменуван како ново засилување на Јунајтед, но сега со доаѓањето на Мурињо дефинитивно оваа најава добива на тежина.
Доколку сето ова се оствари, „црвените ѓаволи“ дефинитивно би имале пеколен напад. Уште кога се знае дека зад тандемот Ибра-Бензема се наоѓа Руни, а по крилните позиции Марсијал и уште некое атрактивно засилување, со оглед на тоа дека португалскиот стратег доби одврзани раце и добро „подмачкан“ буџет, нема сомнежи дека Манчестер Јунајтед експресно ќе се врати таму каде што му е местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед