Животот во Германија е сосема поинаков од оној што сте го замислиле. Тоа го покажуваат советите на една девојка која се преселила во оваа земја во потрага за подобра работа.
1.Имете и презимето секогаш ќе ви го изговараат погрешно
2. На улиците ќе гледате се и сешто, ама во буквална смисла на зборот. Луди пирсинзи, агресивни и нападни луѓе, улични банди, стилови за облекување какви што не може да замислите…
3. Огромна е несразмерноста меѓу богатите и сиромашните. Секојдневно ќе гледате стотици скапи автомобили, но и сиромаштија што ќе помислите дека се наоѓате на некој друг континент.
4. Овошјето и зеленчукот никогаш нема да го имаат вкусот кој го носите од дома. Во пекарниците се е многу зашеќерено и тешко дека нешто од тоа што се нуди ќе ве најаде.
5. Зимската облека се носи од октомври до мај, со некој исклучок. Летната гардерба од три до четири недели во годината и тоа кога има жештини, а во останите денови се носи пролетно-есенска. Денови без јакна се навистина ретки.
6. Не(време). Ќе ви биде потребен квалитетен чадор за дожд. По дождот не доаѓа сонце, туку дожд. И тоа многу дожд.
7. Социјалниот живот е болна точка на сите доселеници. Нема пиење кафе на сонце, нема договор освен ако не е неколку недели однапред испланирано. Се преферира мир и Германците своето слободно време го поминуваат без многу друштво или со помал, избран круг пријатели.
8. Ден и ноќ. Наутро брзо се раѓа сонцето, но денот трае бесконено, во лето дури и 22, 23 часа.
9. Јазик. Дојдовте во Германија, се сместивте, најдовте стан, имате пријатели со кои се дружите. Животот може да почне. Но, мора да го научите германскиот јазик и за тоа ќе ви биде потребно време.
10. Ред, работа и дисциплина. Ниту е ред, ниту е некоја голема работа, а и дисциплината е под знак прашалник. Заборивте што сте учеле за Германија и Германците. И тие се само луѓе и тие работат на црно, се дружат, работат, спортуваат, за викенд се „мортус пијани“, но за разлика од нас имаат повеќе пари.
11. Не застанува времето во татковината. Редовно се јавувате дома, се слушате со старото друштво, планирате како ќе си поминете кога ќе дојдете дома… Некои работи се исти какви што сте ги оставиле. Но, порадно или подоцна луѓето ќе се навикнат да живеат без вас. Секако дека работите се менуваат.
12. Добра сообраќајна конекција е се. Во Германија како по непишано правило странците живеат во центар, а Германците во предградијата. Освен што сакаат мир и тишина, сите Германија имаат автомобили. Странците пак се зависни од јавниот превоз. Затоа е многу важно да имаат добра сообраќајна врска.
13. Становите не се уредуваат. Или пак многу ретко, а оние кои имаат мебел се многу поскапи. Главно, немаат потреба да ги обновуваат, бидејќи и најгрдиот стан многу брзо ќе биде некому изнајмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.