Јавноста се уште очекува одговори од пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов. Откако медиумите обелоденија негов имот кој го стекнал во еден ден во вредност од 160.000 евра, тој со своите постапки, покажувајќи ја својата нервоза, го скандализираше преку упади на прес-конференција со скапи коли, во обид да се извади од тонењето во сопствените скандали.
Недвижниот имот кој вреди 160.000 евра стекнат од неговата сопруга Јасминка на 17.07.2015 година, Петре Шилегов неколку пати се обиде да го оправда пред јавноста и сопственото членство кое во тоа време кампуваше пред Владата под негова насока, дека тој имот е стекнат по пат на кредит кој е земен на 23 години рок на отплата.
Имајќи предвид дека неговата сопруга во периодот пред да се стекнат со двата стана, а и неколку години пред тоа е пријавена на платен износ од ниски 10.800 денари, а подоцна и 11.200 денари, произлегува прашањето како е возможно сопругата на Петре Шилегов да биде кредитоспособна и со оваа висина на плата да подигне кредит од 160.000 евра, прашува Денешен.
Анализите велат дека за доколку кредит во висина од 160.000 евра кој е земен на 276 рати, ако каматната стапка во првите три години е 2.9%, а по третата година 6.85%, ратата во првите три години изнесува 795 евра, а по третата година ратата изнесува 1.108 евра, или вкупно со каматата Петре Шилегов ќе врати 294.728 евра.
Согласносо платата на Јасминка Шилегова, ратата во првите три години изнесува дури 5 пати повеќе од нејзината плата, а ратата по третата година изнесува дури 7 пати повеќе од нејзината плата, а целокупната јавност е запознаена со правилата на банките дека месечниот ануитет, односно ратата, треба да биде 1/3 или ½ (за луѓето со повисоки примања) од месечниот износ на платата.
Петре Шилегов изминатиот период јавноста го запозна како нервозен и агресивен политичар, преку многубројните скандали кои што го следат во текот на неговата кариера. Недвижен имот и домашен автопарк во вредност од половина милион евра, кирии кои ги добиваше од непознат извор од Абу Даби, скандали додека заседаваше со Второстепената комисија во Владата на СДСМ, каде што најголем број од тендерите ги доделуваше во корист на Семос компјутери, инаку фирма блиска до Бранко Црвенковски.
Оправдувањата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов паѓаат во вода, додека пак јавноста се уште чека одговор на кој начин се стекна со овие вртоглави суми на пари и имот портпаролот на СДСМ и дали има намера да им објасни на граѓаните од каде потекнуваат парите за двата стана на луксузна локација на бул. „Партизански одреди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“