| четврток, 6 декември 2018 |

Како се сакале Лула и Бата Живоиновиќ

Великанот на српското глумиште Велимир Бата Живоиновиќ почина во Белград во 83. година од животот. Срцето на популарниот Валтер многу одамна му го освои Јулија Лула Живоиновиќ, со која тој беше во брак неполни шест децении. Од тој брак се родија еден син и една ќерка.

– Од кога знам за себе, Бата секогаш бил до мене. И тоа буквално. Уште во најраното детство, тој стана дел од мојот живот. Се познаваа со мојот постар брат, беа иста генерација. Со тек на време, заедно растевме и создревавме, формиравме семејство, потоа дојдоа и децата. Заедно поминувавме низ сите убави и тешки моменти. Секогаш верувавме во себе, во нас, се задоволувавме со мали, но суштински работи во животот, ценејќи го секој ден – се присетува Лула.

111393_20080328-blicpuls-zoran-loncarevic-beogad-di001329144_gal-630x354

Неговата сопруга вели дека нејзиното место покрај него секогаш било заштитено и на некој начин, привилигирано.

– Не ме држеше во сенка, напротив, заедно поминувавме низ сите фази на неговата кариера. Иако можеби делува грубо во некои свои филмски улоги, тој во суштина беше една многу нежна личност, бескрајно весел и љубопитен. Сите ние имаме различни фази на расположение, но кај него доминираше неисцрпната животна радост. Тоа беше божји дар. Многу ми е драго што и нашите деца се такви – вели Лула.

Лула беше со Бата за сето време додека тој ја водеше битката со здравјето.

– Моето време секогаш било мојот сопруг и моите деца. Денес тоа се и внуците – вели сопругата на Бата.

Признава дека кога била млада, неговите филмски љубовни сцени тешко ги поднесувала, но знаела дека љубомората може да го уништи и најиделаниот брак. Никогаш не ја интересирале озборувања.

– Тој пролем никогаш не сме го имале, бидејќи многу се сакавме. Луѓето многу не поддржуваа, а на лошата енергија не реагиравме. Животот брзо поминува и ирационално е да се троши на празни приказни – вели таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top