| четврток, 6 декември 2018 |

Чибишев: Граѓаните се изморени од шарените лаги на Шилегов и на Заев

Шарените лаги повеќе не ви поминуваат, а граѓаните се заморени од дволичните и деструктивни игри, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев.

Untitlehahahahd

-Додека во јули минатата Петре Шилегов искреширал 160.000 евра и со нив купил два атрактивни станови, членството на СДСМ спиеше по шатори пред Владата, сè додека не видоа со кого си имаат работа. Петре Шилегов, потпарол на Зоран Заев, заработува милионски имот и во еден ден купува два стана, додека Зоран Заев во своите фирми, на своите вработени им плаќа помалку од 150 евра, а тоа е под нивото на минималната плата во Македонија, изјави Чибишев.

Тој додаде дека Зоран Заев со сила ги тера своите членови да протестираат, да палат и да уриваат, да ја напаѓаат полицијата, а во меѓувреме заедно со Петре Шилегов бесрамно се богати.

Чибишев го повика Шилегов јавно да одговори, на кој начин, обичен човек и државјанин на Македонија, може за толку кратко време да заработи толку пари и имот од неколку стотици илјади евра.

-Мора да одговори на барање на граѓаните, и како и колку плаќа данок за имотот. На граѓаните им е доста од шарените лаги. Тие се заморени од деструктивните игри на СДСМ, изјави Чибишев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top