| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 10 жртви во затворски бунт во Мексико

затвор мексикоНајмалку десетмина се убиени во затворски бунт во централниот дел на Мексико. Властите на Сан Луис Потоси велат дека немирите почнале рано утрината со тепачка во три ќелии во Ла Пила затворот. Полицијата почнала акција во и надвор од зградата и се известува дека веќе „состојбата била ставена под контрола“.  Десетици затвореници биле повредени, повеќето со исеченици од остри предмети, јавуваат локалните медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top