| четврток, 6 декември 2018 |

Повик за учество на работилницата Дизајн размислување

Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, организираат дводневна бесплатна работилница за Дизајн размислување (Design Thinking) во рамките на проектот Дизајн предизвик…

Дизајн размислување (Design Thinking) пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.

Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на Дизајн размислување методологијата, изучување на конкретни Дизајн размислување методи, техники и вежби и искусување на целиот Дизајн размислување процес.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик. Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 1 јуни.

Работилницата ќе се одржи на 11 и 12 јуни од 10-17 часот. Повеќе информации и форма за апликација на www.designtatamata.com

Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top