| четврток, 6 декември 2018 |

Побарал развод по неколку часа брак – сопругата ептен го разочарала со овој потег

Маж покренал развод од својата сопруга само неколку часа откако се венчале, бидејќи жената била премногу зафатена со одговарње на бројните честитки од пријателките за да го консумира бракот, пренесува „Индепендент“.

Овој Саудиец збеснал кога по венчавката се вратиле во хотелскта соба, а неговата новопечена сопруга одбила да престане да праќа СМС-пораки и да му се придружи во креветот. Младоженецот ја одвел невестата во хотелот кадешто имале резервирано соба. Но, само што влегле во собата, невестата не можела да се оддели од мобилниот телефон. Младоженецот се обидел да ѝ се приближи и да биде поинтимен со неа, но се шокирал кога неговата сопруга го изигнорирала.

– Кога ја прашал за причината, таа одговорила дека е премногу зафатена со комуницирањето со своите пријателки кои преку мобилен ѝ  го честитале на бракот. Младоженецот побарал да ги остави пораките за подоцна, но таа го одбила и се налутила. Кога потоа ја прашал дали нејзините пријателки ѝ се поважни од него, невестата одговорила потврдно – рекол извор.

Во кавгата која следувала, младоженецот ѝ рекол на сопругата дека се разведува од неа и го напуштил хотелот.

Роднина на младоженецот рекол дека е поднесено барање за рзвод, а кога судот ја запрашал дввојката за обид да се смират, младоженецот одбил да ѝ прости на сопругата.

Саудискиот правен стручњак предупредил на брзо растечката стапка на развод меѓу новопечените двојки која скокнала за речиси 50 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top