Вчера околу 17.30 часот на патот Охрид-Гостивар, на превојот Стража, од засега непознати причини се запалил автобус со српски национални ознаки, управуван од З.Д. (44) од Р.Србија, соопшти денес МВР.
Екипа на Територијалната противпожарна единица-Кичево го изгаснала пожарот. Од пожарот автобусот целосно е изгорен, додека повредени патници нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)