| четврток, 6 декември 2018 |

Хулиганите ги стигнува правдата за штетата од над 200.000 евра: Професорот Калајџиев повикан во полиција

gordan kalajdziev

Штетата која ја направија на протестите организирани од СДСМ е огромна и се проценува засега на над 200.000 евра.

Уништуваат споменици кои ја претставуваат македонската историја, згради, улици…

На информативен разговор во полиција бил повикан и Гордан Калајџиев, кој е универзитетски професор и кој на протестите удираше со боја кон споменици и институции, а воедно се закануваше дека ќе паднат и жртви.

За нарушување на јавниот ред и мир, Калајџиев ќе треба да одговара.

За скандалот да биде поголем, Калајџиев е професорот кој е еден од креаторите на Законот за кривична постапка. Тој многу добро знае дека со вакво насилничко однесување прекршува закони.

kancelarija ivanov 4

Калајџиев е универзитетски професор и ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.

Професорот е само еден од низата хулигани кои ќе одговараат за стореното.

Хулиганите и вандалите организирани од СДСМ кои со недели уништуваат и демолираат спомен-обележја и државни институции почнаа да ја признаваат вината.

Беше изречена првата пресуда nа Б.Ј. од Скопје, еден од вандалите кои учествуваа во демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, по одлуката за аболицијата. Тој го признал делото, а судот му изрече условна казна до една година.

Од почетокот на протестите, демонстрантите најпрво ја запалија канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на градот, а првичната штета се проценува на околу 8500 евра. Цел на вандалите беа и државните институции. Најпогодена во дивеењето на оние кои протестираа е Порта Македонија.
Според првичните проценки штетата на оградата на мостот „Слобода“ се проценува на околу 50 илјади евра. Приближно истата штета е предизвика и врз спомениците на АСНОМ, паднатите херои, лавовите и другите обележија. Министерството за култура 30 илјади евра. Во исто време, ниту еден споменик од албанската историја и не е оштетен. Се уште се проценува штетата врз фонтаните и плоштадот и Агенцијата за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top