По долго боледување синоќа во 22:45 часот во болницата „Свети Сава“ во Белград, почина Велимир Бата Живоиновиќ. Легендарниот српски актер ги помина последните денови на болничка постела со лошо здравје и неколку операции.
Велимир Бата Живојиновиќ е роден 5 јуни 1933 година и е еден е од најпознатите српски актери во Србија и во поранешна Југославија.
Својот талент за глума го открива на 15 години, додека како работи како сценаритст и понекогаш статист во Академскиот театар во Белград . После завршувањето на средното актерско училиште во Ниш и Нови Сад се обидува да се запише на Драмската академија во Белград, и успева на третиот обид за упис. Во Белградскиот драмски театар игра неколку години , а во тој период има и по 300 ангажмани годишно.[1]
Бата Живојиновиќ повеќе го сакаше театарот од филмот , но после неговиот прв филм во 1955, Песна од Кумбара на режисерот Р.Новаковиќ беше почеток на една богата и плодна кариера.Живојиновиќ,кој наскоро ќе стане познат под името Бата, безсомнео има одиграно најмногу филмски улоги , од било кој глумец во историјата на југословенската кинематографија.Континуираната филмска кариера ,поради која го напушта театарот Живојиновиќ ќе започнува во епизодите на Возот без возен ред од 1959 година, и војна од 1960 година, двете остварувања на режисерот Велко Булајиќ.
Со филмот Битка на Неретва се стекнува со приматот еден од најголемите ѕвезди на Југословенската кинематографија .Но зенит на на неговата популарност се седумдесетите години на минатиот век , со филмовите со теми од Втората светска војна . Еден од најпознатите филмови од овој период е Валтер го брани [[Сарајево]] со коj постигнува голем успех во Кина.
Во 1990 е избрани за член на српскиот парламент. Во септември 2002 беше кандидат за претседател на Србија од Социјалистичката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.