| четврток, 6 декември 2018 |

Спомениците на македонските херои ги уништуваат, а на тие на УЧК им се поклонуваат

nn radusa

Борците за „Слобода“ како Никола Наумовски, братучедот на Радмила Шекеринска, потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, бараат „багери за рушење на институциите и пред се на спомениците на културата, а симнуваат капа пред спомениците на УЧК и албанскиот екстремизам. Наумовски под оваа фотографија објавена на неговиот фејсбук ја честита борбата во Радуша, каде е поставен споменик на УЧК и на Адем Јашари од Косово.

selfi nn

Тоа пак што Наумовски со најголема страст го работи е уништување на спомениците на македонските херои, објектите од македонската култура и историја, обележјата со кои се идентификува македонскиот народ. Тој отворено повикува багери за рушење на се’ со што Македонскиот народ се гордее. Веројатно нема ништо против на македонските полицајци „да им се случи Куманово“, како што повикуваат на протестите. Наумовски се фоторгафира во Радуша, а не му пречи што на спомениците во паркот спроти Парламентот е испишано „Илирида“.

nikola-naumovski-640x360

Никола Наумовски е редовен учесник во хулиганството и насилните протести на СОРОС. Тој  „гордо“ ја овековечува секоја акција во која се девастира македонската историја и идентитетска посебност, како сквернавењето на Порта Македонија, Фонтаната на плоштадот Македонија, објектот на Министерството за култура…

most1Познат е и како „демократ“ кој напаѓа новинари кои не се на платниот список на СОРОС.  Љупчо Златев од СИТЕЛ за време на една прес конференција, кога беше жртва на напад од Наумовски,  мораше да побара помош од организаторот на пресот. Наумовски физички го нападна и Антонио Димитриевски, уредник на интернет портал.

sekerin

Ваквото однесување на братучедот на Шекеринска отвора ново прашање за идните активности на платениците за уривање на државата. Ако до сега дебело наплаќаа од СОРОС за секоја активност против македонската култура и историја, за што цифрите деновиве излегуваат во медиумите, колку ли наплаќаат од албанските фондови за да се фотографираат пред дивите споменици на УЧК во кои се слави албанскиот сепаратизам и Илирида и тоа да го пренесуваат на социјалните мрежи?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top