| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларно: Илјадници луѓе гледаа како тоне бродот на Тито (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Подводна атракција: Потопувањето на Адмиралскиот брод на Југословенската воена морнарица е првото потопување во Хрватска. Бродот е долг 85 метри, а беше потопен 250 метри од брегот на длабочина од триесетина метри

Адмиралскиот брод на Југословенската воена морнарица беше потопен вчера на Камењак во Премантура (Пула) со громогласен аплауз на илјадници посетители кои дојдоа да го испратат.

Admiralski brod na Jugoslovenskata voena mornarica (15)

Потопувањето на бродот на Тито „Вис“ било вистинска атракција, за што зведочат и илјадниците автомобили кои со часови во колони се обидувале да се пробијат што поблиску до Камењак за да бидат сведоци на настанот. Многумина зминале и пред самото потопување, зашто метежот бил неподнослив, пишува 24сата.хр.

Admiralski brod na Jugoslovenskata voena mornarica (13)

Адмиралскиот брод бил испратен ан дното со лимена музика. Се работи за брод од воената флота на Тито, изграден во бродоградилиштето Уљаник во 1956 година, Сопственикот Арсен Брајковиќ рекол дека потопениот брод ќе биде вистинска подморска атракција. Процесот започнал околу 13 часот. По детонацијата бродот само исчезнал под водата како никогаш и да не постоел. Последниот сопственик Брајковиќ го купил бродот во 2002 година во Црна Гора, а по години планирање да го преуреди во луксузна јахта, на крајот одлучил да го потопи.

Admiralski brod na Jugoslovenskata voena mornarica (12)

Потопувањето беше празник за очите. Траеше многу кратко и бродот исчезна на морското дно – вели една пуланка.

Потопувањето на Адмиралскиот брод на Југословенската воена морнарица е првото потопување во Хрватска. Бродот е долг 85 метри, а беше потопен 250 метри од брегот на длабочина од триесетина метри. Со овој чин нуркачкиот туризам на Истра доби вредна подводна атракција. Салонот во кој Тито пречекувал светски државници ќе стане засолниште на рибите.

Од идеја до реализација на потопувањето на „Вис“ поминале 5 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top