| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на превртениот автобус се враќа од Будимпешта

avtobus 4Возачот на автобусот  кој се преврте близу Будимпешта нема да биде задржан во притвор. Против возачот унгарската полиција поднесе кривична пријава заради несреќата во која за среќа немаше жртви меѓу 28 патници, меѓу кои и македонски државјани. Најверојатно тој и другите патници пуштени на домашно лекување да се вратат во Македонија. Вчера девет од патниците веќе се вратени во земјава, а оние кои се со потешки повреди,но се надвор од животна опасност ќе бидат задржани во унгарската болница.

Пред два дена во доцните ноќни часови автобусот излетал од патот и се превртел во ендек на реката до автопатот.  Тоа е редовна линија на туристичката организација „Тото“. Во него имало 21 патник од Македонија, тројца од Бугарија и четворица од Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top