| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн гази и со резерви, домашните екипи не даваат ниту бод во Бундеслигата (видео)

Одличен настап во попладневните натпревари од 31. коло во Бундеслигата имаа домашните екипи, а ефектот е маскимален борј на бодови со 5 победи.

Новиот шампион Баерн е моќен и кога игра со резерви, а пред налетот на Баварците падна и Фрајбург. Баварците настапија без 7 стандардни првотимци, а сепак победија со 1-0, на „Алијанц арена“ во Минхен. Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири беше стрелец на единствениот гол во 36. минута. За Баварците тоа е шеста победа во низа на свој терен, а на последните 10 натпревари во германското првенство даваат барем по еден гол.

Најуверлива победа забележа Аугсбург, кој го победи Штутгарт со 3-0. Саша Молдерс, Марсел де Јонг и Донг Вон Џи беа стрелци на головите за домашната екипа, која се бори за опстанок.

Се повеќе тоне Вердер, а нов пораз клубот од Бремен забележа во Леверкузен. Баер победи со 1-0, со голот на Стефан Кислинг од пенал во 35.минута. Вердер има само два бода предност пред Фортуна Диселдорф и Аугсбург, во битката за спас на 3 кола до крајот.

Резултати: Баерн – Фрајбург 1-0, Аугсбург – Штутгарт 3-0, Баер – Вердер 1-0, Хофенхајм – Нирнберг 2-1, Волфсбург –  Борусија М 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top