Торонто слевеше со 99-84 против Кливленд во првиот натпревар на домашен терен во финалето од плеј-офот од Источната конференција и намали на 2-1 во меѓусебната серија. Тоа беше прв пораз за актуелниот вицешампион оваа сезона во плејоф серијата откако во првите две кола со чисти 4-0 ги елиминираше Детроит и Атланта.
Торонто одигра одлична одбрана во второто полувреме со што ги задржа Леброн и другарите на само 37 постигнати поени што беше клучот за победата.
Демар Дерозан беше најефикасен актер на мечот со 32 поени, дополнети и со пет скока и четири асистенции. Кајли Ловри дојде до 20 поени и шест скока, а уште тројца кошаркари на Торонто имаа двоцифрен ефект. На спротивната страна Леброн Џејмс се издвои со 24 поени, 8 скока и пет асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)