Втора година по ред, Јувентус ја освои двојната круна во италијанскиот фудбал.
Откако одамна дојде до титулата во Серија А, “црно-белите” вечерва ја одбранија и онаа во Купот на Италија совладувајќи го во финалето големиот ривал Милан со 1-0. За тоа, на Јуве му беа потребни продолженија бидејќи во основните 90 минути немаше голови, а единствениот погодок беше дело на Алваро Мората во 110. минута. Да биде маката на Милан поголема, Шпанецот влезе во игра во 108. минута, а во еден од првите контакти со топката му ја донесе победата на својот тим.
Иако загуби, Милан се покажа во одлично издание, едно од најдобрите оваа сезона. Особено беше доминантен на почетокот на второто полувреме кога изврши инвазија пред голот на Јувентус, но не го најде патот на мрежата.
Ова е 11. трофеј за Јувентус во Копа Италија и втор по ред откако лани во финалето го совлада Лацио. Претходно, на титула во ова натпреварување чекаше 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)