| четврток, 6 декември 2018 |

Двојна круна и во Франција, ПСЖ не го дава куп пехарот (видео)

ПСЖ сосема очекувано стигна до двојната круна сезонава во Франција, по првенството освојувајќи го и трофејот во Купот.

Предводен од Ибрахимовиќ и Кавани, ПСЖ во финалето славеше против Марсеј со 2-4. „Светците“ дојдоа до предност со голот на Матуиди уште во 2. минута од финалниот дуел.

Но, Марсеј израмни во 12. минута преку Таувин, за да се потоа биде во рацете на Ибрахимовиќ кој стрелаше во два наврати во второто полувреме, а еден погодок запиша и Кавани. Марсеј во финишот само успеа да ублажи за конечни 2-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top