| четврток, 6 декември 2018 |

Валентино Роси супериорно ја освои пол-позицијата на домашен терен во Муѓело (видео)

Домашниот терен и тоа како му прилега на Валентино Роси. Легендарниот возач на Јамаха извозе најбрзо време (1:46.504 секунди) на патеката во Муѓело и трката за ГН на Италија ќе ја започне од првиот ред. Веднаш до него трката ќе ја започне и неговиот иден тимски колега, Маверик Вињалес кој во моментов вози за тимот на Сузуки.

– Навистина притиснав силно кон крајот. Во последно време сме во одличен ритам особено по Ле ман. Би сакал да му честитам на целиот тим за одличната работа и соработка во последниот период -истакна Маверик Вињалес по завршувањето на квалификациите.

moto gp

Првиот ред ќе го дополни Андреа Јаноне од Дукати кој возеше фантастично од почетокот на викендот во Италија. Возачот на Прамак Скот Рединг кој ги предводеше првите две квалификациски рунди ќе започне од четвртиот ред (десетто место).

Пол Еспагаро и Кал Крачлоу излетаа од патеката при преголема брзина кон крајот на првата квалификациска рунда, па трката утре ќе ја започнат од 14. односно 16. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top