Организацијата на Европското првенство во фудбал е голема чест и обврска, но и одлична можност за земјата домаќин за заработка. Франција очекува приходи од 1,2 милијарди евра од ЕП 2016 што од 10 јуни до 10 јули ќе се организира во ’земјата на петлите’.
Министерот за млади и спорт на Франција, Патрик Канер, истакна дека проектирана е заработка поголема од една милијарда евра, а при обновувањето на инфраструктурата и изградбата на нови објекти кои ќе бидат во служба на настаните од Европското првенство се дополнително вработени повеќе од 20.000 лица.
Најголемата опасност за натпреварите на ЕП 2016 доаѓа од глобалниот тероризам, кој и претходно и зададе големи удари на Франција. Но, се преземаат максимални безбедносни мерки за целата организација да мине во најдобар ред и околу 7 милиони фудбалски фанови кои ќе допатуваат во Франција да се чувствуваат безбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.