Во рамките на Малите мајски оперски вечери, в недела, 22 мај, со почеток во 11 часот, ќе биде изведена премиерата на детската оперска претстава „Црвенкапа“, од Цезар Кјуи.
Познатата популарна приказна за Црвенкапа, сега низ музика, ја реализираше авторска екипа на Македонската опера и балет.
Режисер е Цветан Стојановски, сценограф: Зоран Николовски, костимограф: Бранкица Јордановска, светло: Васко Лисичов, асистент на режисер: Бојана Краљевска. Настапуваат солисти и хорот на Македонската опера и балет.
Цената на билетот изнесува 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.