| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да ослабите? Оваа чинија е се што ви треба

Поради големата количина на масти која ја има тамошната храна, Тајланд стана втора држава во југоисточна Азија по број на дебели луѓе, пренесува „Бизнис инсајдер“. Многу Тајланѓани имаат високо ниво на холестерол и висок крвен притисок.

За да се ослободат од овој здравствен проблем без менување на навиките во исхраната на жителите, рекламната агенција BBDO Bangok, во соработка со државната Организација за промоција на здравјето, ја создала абсорбирачката чинија AbsorbPlate.

AbsorbPlate е чинија која содржи многу малечки дупчиња, околу 500, кои допуштаат маснотиите од јадењето да се апсорбираат во нив.

За создавањето на оваа чинија дизајнерите биле инспирирани од површината на сунѓерот, а во рекламното видео за AbsorbPlate се наведува дека чинијата од секое јадење може да апсорбира 7 милилитри масти, што е во просек 30 калории по оброк. Чинијата сè уште е во фаза на изработка и засега не е познато кога ќе влезе во продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top