Стотина музлимански студенти на „Технолошкиот универзитет“ во берлин денеска протестираа против одлуката на менаџментот на установата да ја затвори просторијата каде студентите досега можеа да одржуваат верски обреди. Муслиманската студентска организација на овој универзитет бара повторно да се овоможи студентите да можат да се молат за време на престојот во универзитетската зграда.
„Минатиот петок бевме инфомирани дека просторот за молитва надвор од зградата на Техничкиот универзитет во Берлин ќе биде затворен. Студентите добиле закана дека ако повторно се молат на универзитетот ќе бидат уапсени од полицијата“, изјави Давут Трансаре портпарол на муслиманската студентска организација на универзитетот.
Претходно, во средината на март, уште два други универзитети во Германија Техничкиот Уиверзитет во Дортмунг и во Есен Дуизбург, ги затворија посебните простории наменети за молитва. Одлуката била донесена со образложение дека не е можно да се обезбеди простор за сите религии кои што се присутни во земјата и дека ако студентите сакаат да се молат за време на предавањата тие ќе мораат да ги посетат блиските верски објекти. Тогаш ректорот на техничкиот универзитет во Берлин Кристијан Томсон за весникот Зи Дојче Цајтунг изјави дека високото образование и религијата треба да бидат одделени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.