На сајтот Change.org во понеделникот се појави петиција со барање да се преиспитаат резултатите од гласањето за изборот на песната на Европа изминатиот викенд во Стокхолм, и до понеделникот вечерта во 22 часот по македонско време петиција упатена до организаторите на Евровизија, ја потпишале над 33 од потребните 35 илјади луѓе, објави „Макфакс“.
Авторот на петицијата е жител на ерменската престолнина Ереван, Артур Огенесјан, а ја поддржале жители на Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Австралија, Швајцарија, Србија, Русија, Украина и други земји.
„Сфаќаме дека гласањето на жирито и телевизискиот аудиториум, е тежок и емоционален процес, но бројот на потписниците на петицијата покажува дека многумина се убедени дека победник на годинешниот избор не е оној кој требаше да победи“, вели авторот на петицијата.
Жителот на шпанската престолнина Мадрид, потпишан како Кристијан Гаридо, исто така, креираше друга петиција на Change.org во којашто ја повикува Шпанија да се откаже од учеството на изборот на песната на Евровизија следната година. Според него, годинешниот избор во Стокхолм бил „издејствуван и на половина Европа ѝ станало јасно, дека резултатите се определени од политичките интереси“.
„Шпанија не треба да учествува, барем во 2017 година, за сите да видат и разберат колку сме гневни“, напишал авторот на оваа петиција.
Германските корисници на порталот OpenPetition, исто така, повикуваат Германија да престане да учествува на Евровизија. Според еден од покренувачите на оваа петиција, оценувањето „не се врши на уметничко ниво, туку само ги одразува политичките ветришта“.
Во Франција, пак, фановите на Евровизијата почнаа со собирање потписи за разрешување на телевизиската презентерка, која го коментираше директниот пренос од Евровизијата за каналот France 2. Авторот на оваа петиција на сајтот Avaaz пишува дека водителката Мариан Џејмс во директниот пренос „си дозволила навредливи изјави против Русија со што му нанела штета на имиџот на Франција“.
Пејачката Џамала, којашто ја претставуваше Украина, со песната „1944“ е победничка на овогодишниот избор на Песна на Евровизија што во сабота вечер се одржа во Стокхолм. Песната на Џамала предизвика доста контроверзии, со оглед на политичката заднина која се провлекуваше низ неа, односно таа се однесува на периодот кога советскиот диктарот Грузицецот Јосиф Џугашвили Сталин, ги протерал кримските Татари во централна Азија.
Тоа алудираше, барем во презентацијата на песната од страна на украинската страна играјќи на картата на антируското расположение во Европа, со алузии на отцепувањето на црноморскиот полустров Крим и присоединувањето на руската Федерација, која Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, и не го признава референдумот на тамошното руско и рускојазично големо мнозинство кое ја врати автономијата укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР, несогласувајќи се новите прозападни власти во Киев.
Голем успех доживеа и Австралија, која во својот прв настап на Евровизија го освои второто место, додека фаворитот на обложувалниците, претставникот на Русија, Сергеј Лазарев, кој доби најголем број гласови од телевизиските гледачи, мораше да се задоволи со вкупно третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.