Марк Пилни, мажот кој во средата толкуваше улога на четврти судија на прволигашкиот натпревар меѓу Прибрам и Славија од Прага (1:3), се појавил мортус пијан. Дека човекот убаво се поднапил на гледачите на западната трибина им било премногу јасно и тоа на самиот почетоко на натпреварот, а се истакна и судијата зад голот кој среде двобојот се измочал на тревникот.
За среќа, тој детаљ камерите не го забележале, но затоа не го пропуштиле тетеравењето и паѓањето на пијаниот судија, неговиот напор да глуми линиски судијано и реакциите на сите на стадионот.
Гледачите, главно, сите се смееја, освен делегатот на натпреварот, кој беше избезумен од бес.
Пилни бил отстранет по завршувањето на првото полувреме, а што изведуваше дотогаш, можете и самите да видите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)