Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, оствари средба со пратеникот од британскиот парламент Марк Причард, кој доаѓа од Конзервативната партија.
Соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми врзани со актуелната политичка криза, начините и модалитетите за нејзиното надминување, прашањата поврзани со состојбата на мигрантите како и евро-атланските интеграции на државата.
Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон разгледување на различните решенија и можности кои ќе придонесат за надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и остварувањето на позитивни економски резултати.
Во однос на мигрантската криза, Груевски истакна дека Република Македонија го дава својот придонес во надминување на предизвиците, додека решенијата треба да бидат плод на заеднички ангажман на државите кои што чувствуваат влијанието на кризата.
Британскиот парламентарец Причард истакна дека ја дава својата поддршка за враќање на стабилноста која што ќе ја врати државата на старите патеки на економскиот раст и продолжување на одличните економски достигнувања на Владата на Република Македонија.
Причард во однос на работата на СЈО истакна дека нејзините активности треба да бидат базирани на докази, а не врз основа на тврдења кои кружат во јавноста.
Во однос на мигрантската криза, британскиот парламентарец изрази благодарност до државата за сите преземени активности во поглед на надминување на актуелните предизвици, посочувајќи дека таквиот ангажман претставува огромна помош во надминување на предизвиците.
По средбата, Причард оцени дека со Груевски имале одличен разговор.
Македонија е важен стратешки сојузник на Обединетото Кралство, а нашите билатерални односи се одлични. Ова беше тежок период за Македонија, но мило ми е што Парламентот повторно е во функција. Се надевам дека коалициската влада брзо ќе се формира. Македонците сакаат стабилност, ЕУ сака стабилност, како и економски развој. Ако ги погледнеме сите клучни индикатори, Светскиот економски форум според кој во Македонија има најниски даноци во светот, тоа е значителен развој за оваа земја. Според Светската банка Македонија е на 12 место во светот и 6 во ЕУ за отворање бизнис. Оваа приказна Македонија треба да му го каже на светот, Парламентот повторно функционира, Македонија има стабилна коалициска влада. Важно е да се врати на исполнување на реформите, кои се важни и неопходни. Но и да се осигури мирот и просперитетот на граѓаните на Македонија. Во врска со прислушкувањата, клучно е да се поведе транспарентен процес, судски процес од ЈО. Тој мора да биде темелен, фер и легален. Не смее да биде само обвинувања, мора да има и докази. Ако специјалната јавна обвинителка најде докази треба да ги однесе пред судот и судот да донесе одлука. Правниот систем треба да избегнува секаква политичка мотивација. Судството, ако сака да има доверба од народот, а сигурен сум дека е така, мора да биде независно, рече британскиот парламентарец.
Во однос на мигрантската криза, британскиот парламентарец изрази благодарност до државата за сите преземени активности во поглед на надминување на актуелните предизвици, посочувајќи дека таквиот ангажман претставува огромна помош во надминување на предизвиците.
Ја посетив границата со Грција заедно со министерот за одбрана и им се заблагодарив на армијата и на граничната полиција за тоа што го прават. Состојбата на бегалците во Македонија, со Црвениот Крст, УНХЦР и други структури, условите се многу подобри од останатите бегалски кампови кои сум ги видел во ЕУ. На Македонија треба да и се честита за тоа. Второ, имаме обезбедени граници. Идната недела ќе бидам во Грција, каде моментално има отворени граници. Македонија е дефакто граница со ЕУ. Обезбедувањето на границата и сопирањето на илегалните мигранти е добредојдено. Важно е тоа да се признае, па без разлика дали зборуваме за српската или грчката граница, Македонија одлично си ја работи работата и лично сакам да и се заблагодарам на Владата на Република Македонија и нејзините граѓани, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)