Скопскиот плоштад „Македонија“ денеска пулсираше во ритамот на танцот квадрил кој го одиграа скопските матуранти, како дел од манифестацијата „Матурска парада 2016“.
Годинава оваа традиционална манифестација посветена на матурантите се одржа по јубилеен, десетти, пат.
Во манифестацијата „Матурска парада“ беа вклучени повеќе од 1.000 матуранти од 20 средни училишта од Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица, Валандово, Гевгелија и од Неготино.
Пред почетокот на матурската парада матурантите дадоа изјава за ненасилство со што оваа манифестација придонесува за зајакнување на толеранцијата меѓу младите и повисоки цивилизациски вредности.
„Матурска парада 2016“ се организира во соработка со Град Скопје, Делегацијата на Европската унија и Дирекцијата за култура и уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)
-
Матурантите ќе танцуваат квадрил на пладне на плоштад „Македонија“
-
Матурската парада ќе се одржи в петок на пладне на плоштадот “Македонија”
-
Не си фраер ако загинеш на матура – РСБСП апелира матурантите да не управуваат моторно возило за време на прославите