| четврток, 6 декември 2018 |

Матурантите танцуваа квадрил

Скопскиот плоштад „Македонија“ денеска пулсираше во ритамот на танцот квадрил кој го одиграа скопските матуранти, како дел од манифестацијата „Матурска парада 2016“.

Годинава оваа традиционална манифестација посветена на матурантите се одржа по јубилеен, десетти, пат.

Во манифестацијата „Матурска парада“ беа вклучени повеќе од 1.000 матуранти од 20 средни училишта од Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица, Валандово, Гевгелија и од Неготино.

Maturantite tancuvaat (11) (Custom)

Пред почетокот на матурската парада матурантите дадоа изјава за ненасилство со што оваа манифестација придонесува за зајакнување на толеранцијата меѓу младите и повисоки цивилизациски вредности.

„Матурска парада 2016“ се организира во соработка со Град Скопје, Делегацијата на Европската унија и Дирекцијата за култура и уметност.

Maturantite tancuvaat (10) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top